Патентиран уред против изгореници од сонце

1298

Британските научници измислиле многу едноставен механизам, кој ги известува луѓето дека поминуваат премногу долго времe на сонце и треба да отидат на сенка, објави “Дејли Меил”.

Апаратите за еднократна употреба, кои сè уште се во испитна фаза, се произведени од пластика, содржат сина боја и метален прав. Прашокот ги апсорбира УВ-зраците и ја пренесува енергијата кон бојата, која со текот на времето почнува да бледнее.

Кога ќе бојата исчезне сосема, тоа е знак дека човекот има поминато доволно време на сонце и треба да оди на сенка. Секој може да си избере апарат во зависност од бојата на кожата, а овие производи ќе можат да се најдат на пазарот од следното лето.

Во Велика Британија се регистрирани 13 000 случаи на рак на кожата, а таа болест убива 2.000 луѓе годишно. Вработените во британскиот Институт за истражување на ракот предупредуваат дека дури и да ги користиме овие апарати не постои безбеден начин за добивање на тен.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.