Знаејќи дека нивната ќеркичка нема да го победи ракот, родителите секоја недела и правеле Божиќна забава

718

Вирџинија Роуз Вандермарк има леукемија, а според докторите нејзината состојба не се подобрува, напротив веројатно нема да го дочека овој Божиќ.

Па, нејзините родители со помош на добронамерните соседи и непознати луѓе започнале да организираат што е можно повеќе прослави.

Состојбата ја забележале оваа пролет, а набргу докторите откриле дека таа има акутна леукемија.

„Никогаш во животот не сум плачел толку многу“ – вели нејзиниот татко.

„Во само една недела од играње преминавме на тоа да откриеме што ќе правиме со работата, нејзиното лекување и борба за животот на нашата ќерка“ – изјавува на Go Fund Me страната.

Додека Вирџинија продолжува да се бори со ракот, нејзините соседи им помагаат на родителите секоја недела да организираат божиќна вечера за неа – одново и одново и пеат божиќни песни и го носат Дедо Мраз.