Дружењето со кучиња ја намалува анксиозноста кај децата

1373

Децата кои имаат домашни миленичиња имаат помал ризик за анксиозност, пишува стручното списание „Preventing Chronic Disease“.

Американските истражувачи од Басет Медицинскиот центар, своите наоди ги темелат врз следење на 650 деца постари од 18 месеци.

Вкупно 58 отсто од децата имале кучиња дома.

Се покажало дека анксиозноста е присутна кај 12 отсто од децата кои имаат кучиња и 21 отсто кај другите деца вклучени во истражувањето.

Кучињата биле најизразено поврзани со намалување на шансите за анксиозност предизвикани од социјалните фактори или раздвоеноста.

Научниците веруваат дека интеракциите на децата со кучињата резултираат со излачување окситоцин, што ја ублажува физиолошката реакција на стрес, бидејќи редуцира присутност на хормонот кортизол.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.