Проблемите, кои сме ги доживеале во детството го определуваат квалитетот на нашиот живот како возрасни.
Тие исто така можат да влијаат врз начинот на однесување, кој понатаму можат да го усвојат нашите деца, како и на начинот на кој се соочуваме со проблемите.
Следуваат пет емотивни рани од детствотот според Лис Бурбо:
Страв од напуштање
Осаменоста е најлош непријател, за оние кои биле напуштени во текот на детството. Тука постои константно внимание на недостатоците, што ќе доведе кај оние кои пателе од ова до напуштање на партнерите или проектите, додека е се уште „време за тоа“ од страв тие да не бидат напуштени.
Тоа е однесување од типот „Јас ќе си заминам, пред ти да ме оставиш“, „Никој не ме поддржува, не можам да го поднесам сето ова“, „Ако одиш, не се враќај“.
Личностите, кои го доживеале искуството на оставање во текот на детството мораат да поработат на својот страв од самотија, страв од отфрлање и невидливите бариери на физичкиот контакт.
Раните кои настанале со напуштањето, не се ниту малку лесни за лекување. Сами ќе станете свесни кога раните ќе почнат да зараснуваат и кога ќе исчезне стравот од осаменост и ќе биде заменет со внатрешен дијалог, кој е позитивен и полн со надеж.
Страв од отфрлање
Имајќи предвид дека станува збор за длабока рана, таа предизвикува внатрешно отфрлање.
Кога ќе се појави мора да се влијае на повеќе фактори, како отфрлање од родителите, семејството или самите себе. Тоа создава чувство на одбивност, негативни мисли, чувства на непожелност, што доведува до потценување на самите себе.
Личноста, која страда од ова болно искуство чувствува дека не заслужува внимание, ниту разбирање од кого било и се изолира во својата внатрешна празнина поради страв од отфрлање. Веројатно ако сте имале вакви проблеми во детството ќе бидете „недостижна“ личност. Поради тоа неопходно е да работите на своите внатрешни стравови и на ситуациите, кои создаваат паника.
Продолжува на страна 2