Губењето килограми се крие во количината на протеините

1234

Кога е во прашање губење на килограмите, многу луѓе се фокусираат на количината и на калориите, но тајната всушност се крие на друго место. Според мислењето на Александра Милер, корпоративна диететичарка, фокусот треба да биде на протеините.

Имено, соодветните протеини се многу важни во процесот на намалување на вишокот килограми бидејќи чувството на ситост трае подолго, го поправа мускулното ткиво и го зголемува нивото на енергијата.

Милер истакнува дека секое тело и исхрана се различни, но дека протеините се волшебна формула бидејќи можат да ви помогнат да ги намалите килограмите. Минималната количина на протеини за жените е околу 0,4 грама по килограм, а на тие кои сакаат да станат витки Милер им препорачува зголемување на внесот за 50 отсто.

Тоа значи дека за секој килограм треба да се конзумираат околу 0,54 до 0,68 грама протеини секој ден. Милер тврди дека протеините ја задржуваат мускулната маса во текот на намалувањето на килограмите, посебно кога се комбинираат со вежби.

Освен тоа, овозможуваат подобра контрола над апетитот. Меѓутоа, истакнува дека многу е важно да се води сметка и за изборот на протеините, бидејќи не се сите исти.

„Значи, треба да се бараат протеини кои се богати со витамини, минерали и други здрави и хранливи состојки” – вели Милер.

Во тој случај, важно е да јадете немасно месо, пилешко, белки, млеко, риба и јаткасти плодови и семки. Исто така, јаглехидратите препорачливо е да се заменат со намирници како што се маслиново масло, авокадо, цели житарки и зеленчук.