Пет емотивни рани од детството, кои ги чувствуваме и кога ќе пораснеме

1825

Понижување

Ова рана настанува кога во различни моменти имаме чувство дека другите не го одобруваат тоа што го правиме и не критикуваат. Овој проблем дури можете да го пренесете и на своите деца. Говорејќи им дека се невоспитани, непристојни и безобразни, како да ги изложувате своите проблеми пред другите: ова ја уништува самодовербата на детето. Со ова однесување најчесто се создава личност зависна од другите.

Можете да заземете став на тиранин и егоист, како одбранбен механизам и можете да ги понижувате другите заради создавање на оклоп за да се заштитите самите себе.

Доколку сте доживеале вакви искуства морате да работите на вашата самостојност, на вашата слобода, на разбирањето на вашите потреби и стравови, како и на вашите приоритети.

Измама и страв да им верувате на другите

Ова чувство се јавува кога детето се чувствува измамено, особено од страна на едниот од неговите родители, кои не испочитиувал дадено ветување. Недовербата, која произлегува од овој проблем може да се претвори во завист и други негативни чувства, како и чувство дека не го заслужуваме тоа што ни е ветето и што другите го имаат.

Овие проблеми во детството создаваат сомнителни личности, кои секогаш сакаат да имаат се за себе. Ако како дете сте пателе од слични ситуации, веројатно ќе имате потреба да извршите некој вид на контрола врз другите, која обично се правда со силен карактер.

Овие личности треба да работат на трпението, толеранцијата, како и да научат да бидат сами и сами да одговараат за своите постапки.

Неправдина

Се појавува во контекст кога уѓето, кои се грижат за децата се студени и авторитативни. Во текот на детството, претераните барања, кои ги поминуваат границите, создаваат чувство на ефикасност и безвредност, како во детството, така и како возрасен човек.

Директна последица кај оние кои претрпеле неправда е ригидноста, бидејќи овие личности ќе се обидат да станат мошне важни и да освојат голема моќ. Тоа веројатно ќе доведе до создавање фантазија за ред и перфекционизам, како и неможност да бидат сигурни во одуките, кои ги носат.

Тие треба да поработат на довербата и на менталната сила, обидувајќи се да бидат пофлексибилни и да им веруваат на другите.