Како да ѝ предложите брак врз основа на хороскопскиот знак 

41

Ако сте од мажите, на кои им претстои да им предложат брак на своите девојки, можеби сте малку збунет како точно тоа да го направите, па ем да не е банално, ем да не е помпезно.

Може да си помогнете ако погледнете во астрологијата. Внимавајте што сака хороскопскиот знак на својата сакана и внимателно обмислете го својот план за предлог, за тој да одговара идеално на нејзините очекувања и преференци.

Еве и неколку добри насоки како да ја прашате “Ќе се омажиш ли за мене?” така што таа веднаш да каже “ДА”:

Овен

Оваа активна, полна со барања и амбициозна жена ќе сака и ќе очекува забавен предлог за брак што е поврзан со наплив на адреналин. Со таква жена ќе треба да се потрудите повеќе во организацијата на настанот и да измислите нешто навистина провокативно. Запомнете дека оваа дама ќе загуби интерес брзо, ако долго време ја карате да чека за предметниот предлог. Жените од овој знак не се големи романтичари, но ги сакаат највозбудливите авантури, па можете да ѝ ја побарате раката за време на прошетка со јахта / чамец среде море или на кампување – под ѕвездите.

Бик

Овие дами го сакаат луксузот и безбедноста. Тие се трпеливи, па можат да ве почекаат подолго, но нема да ве чекаат вечно. Жената Бик ќе има потреба од време за да се убеди дека сте мажот на животот, па пред предлогот ќе треба да ја придобиете неколку месеци па дури и години. Оваа жена нема да толерира никаков знак на апатија или неверство од ваша страна – запомнете го тоа! Кога собирате храброст да ѝ ја побарате раката размислувајте на пријатна, мирна и елегантна атмосфера, најдете објект со навистина гурманска кујна, каде пуштаат нежна, лесна музика. Таа ќе го прифати предлогот со задоволство.

Продолжува на страна 2