Илуминатите во музиката | Скриени пораки од Rihanna, Lady Gaga, Jay Z… | Видео

848

Песните и спотовите на најпопуларните музичари се полни со симболика која е поврзана со Илуминатите.

Тие имале тешко детство, биле опкружени со насилство и дрога, или едноставно биле неугледни, искомплексирани и имале амбициозни родители. Приказните кои стојат зад музичарите кои ја водат музичката индустрија, особено хип-хопот, се слични едни на други.

Како успеале? Кој ги туркал и дали зад Џеј-Зи, Ријана, Кристина Агилера, Леди Гага и други стојат Илуминатите?

Нивните песни и видеа отвораат простор за сомнеж, а токму со тоа се занимава и еден многу интересен документарен филм Illuminati: The Music Industry Exposed кој во повеќе делови може бесплатно да се гледа на YouTube.

Илуминатите, Масоните, промоторите на Новиот Светски Поредок, Билдерберзите, глобалната финансиска елита и нивните влијателни пријатели кон претставниците на теориите на заговор претставуваат една и иста група која тајно владее со светот и системски манипулира со луѓето.

Музиката, која секојдневно ја конзумираат милиони луѓе, е одличен речиси слободен медиум за испраќање скриени пораки и поставување симболи со долгорочна, кумулативна цел на контрола на умот. Денешната музичка индустрија е наводно преполна со ѕвезди зад кои стојат Илуминатите, кои ја изразуваат својата моќ со сублимирани пораки.

Пирамидите, масонското око и Rain Man

Во тој контекст, авторите на документарниот филм ја спомнуваат Мадона, Бритни Спирс, Ријана, Лејди Гага и Кристина Агилера. Последнава на музичката сцена неодамна се обиде да се врати со “темната страна”. Албумот на Агилера, “Bionic”, а особено песната “Not Myself Tonight”, изобилува со скриени пораки.

Спотот е полн со фетиш, оргии, жени, лезбејски сцени, а Кристина е полу-човек, полу-робот. Особено се истакнува сеприсутното “око на масоните”.

Агилера е меѓу Илуминатите, наводно, примена заедно со Бритни Спирс со симболичен, јавен ритуал. На доделувањето на наградите на MTV во 2003 година заедно ја пееја “Like a Virgin” (симбол на чистота, истакнат и со костимите-венчални фустани), на сцената потоа доаѓа “Високата свештеничка” Мадона (симболично во црна боја). Претставата завршува со ритуален заеднички бакнеж.

Слична симболика е пронајдена и во спотот на Ријана за големиот хит “Umbrella”. Случајно или не, се прикажуваат кратки исечоци на Ријана во пирамида (знак на Illuminati-те), а се актуализира и улогата на т.н. “Rain Man”, кој редовно се појавува во стиховите на хип-хоп-песните. Ријана го користи симболично во видеото во форма на дожд/вода, пак симболично пет-шест пати. Погледнете го објаснувањето:

Овде можете да ја видите масонската симболика во спотовите на Jay-Z (апсолутен владетел на музичката индустрија, со соло песни, но, исто така, и со улога во кариерите на Rihanna, Alicia Keys…) но и други музички ѕвезди, наводно портпароли на Illuminati-те.

На Илуминатите им се припишуваат и окултни вештини и познавање на тајното знаење, како и напредно разбирање на психологијата која оди подалеку од денешниот маркетинг и ПР. Контролирајќи ја музичката индустрија (како и филмската и телевизиската), тие до масите можат да праќаат свои пораки кои редовно се поврзани со злоупотреба, насилство и поделба.

– Целта е да се создаде хаос и раздор меѓу населението, од кои тие потоа ги имаат нивните бенефиции, тврди Matthew Delooze, теоретичар на заговори кој гледа опасност и во музичките фестивали.

– Посетителите мислат дека одлично се забавуваат, од концертот се враќаат добро расположени, но тие се всушност изложени на перење мозок и манипулации.