Еве зошто не треба да консумирате сол

67

Некои луѓе сметаат дека солта е добра по здравјето, но вистината е дека е подобро колку што може повеќе да се избегнува консумирање на солта. Секоја личност треба да избегнува големо количество на сол, но зошто е тоа така?

Солта предизвикува остеопороза

Голем дел од младите жени не се грижат за остеопорозата. Некои од нив воопшто не ни размислуваат за тоа или пак никогаш не слушнале. Остеопороза е метаболичка болест на коските која ги намалува густината и квалитетот на коскеното ткиво, која често се појавува кај старите луѓе. Зошто е тоа така? Поради слабата исхрана. Оваа болест предизвикува преголеми болки, постојано. Консумирањето на големо количество сол го намалува калциумот во коските, со што тие стануваат послаби и можат полесно да се скршат.

Зголемување на килограмите

Солта сама по себе можеби не предизвикува дебелеење, но предизвикува жед, со што ве тера да пиете повеќе сокови, кои всушност придонесуваат многу во накачувањето на килограмите. Повозрасните луѓе можеби избегнуваат да пијат газирани сокови, но помладите луѓе и децата секојдневно ги консумираат.

Предизвикува хипертензија

Хипертензија или висок крвен притисок, а понекогаш и артериска хипертензија, е хронична медицинска состојба во која крвниот притисок во артериите е покачен, понекогаш резултира со болести на срцето или удар. Затоа се препорачува што помало консумирање на сол.

Предизвикува рак на желудник

Ракот е една од најстрашните и најчестите болести на денешницата. Лошата исхрана може да биде причина за појава на рак на желудник, а особено консумирањето на брза храна и премногу големо количество на сол. Може да се каже дека солта е најризичниот фактор кој придонесува за појава на оваа болест.

Предизвикува задржување на вода

Задржувањето на водата во организмот предизвикува подуеност. Оваа состојба е навистина проблематична и прави да се чувствувате навистина непријатно. Ако го намалите консумирањето на сол тогаш ќе забележите позитивни промени.

Предизвикува предвремено стареење

Никој не сака да изгледа постаро, но вистината е дека никој не се грижи потполно за тоа. Сите консумираат нездрава храна, алкохол и што е најлошо, големо количество на сол. Солта е непријател на младешкиот изглед, бидејќи е рафинирана исто како шеќерот.