Четири состојки за рамен стомак

167

Одличен пијалак кој ќе ви помогне за брзо време да ги намалите вишокот килограми.

Состојки

  • 1 дршка од целер
  • 1 краставица (средна големина)
  • 1 свеж магдонос
  • 3 парчиња свеж ананас

Начин на подготовка

Убаво измијте го зеленчукот, а од ананасот исечете ја кората. Сите состојки измешајте ги со блендер. Не додавајте сол, бибер, шеќер или други зачини во пијалакот.

Добиениот пијалак мора да го испиете во период од 15 минути откако ќе го приготвите. Доколку поминат 15 минути, ќе се намалат или исчезнат сите потребни хранливи материи. Најдобро е да го консумирате наутро.

Доколку секојдневно го пиете овој пијалак од зеленчук и ананас и во меѓувреме спортувате и се храните здраво, тогаш за една недела ќе забележите позитивни резултати.

Која е тајната на овој пијалак?

  • Целерот е ниско-калоричен зеленчук. Во 100 гр целер има само 16 калории. Диеталните влакна се зголемуваат, со тоа што прават да се чувствувате сити. Едно истражување покажало дека доколку почесто консумирате целер побрзо ќе ги намалите вишокот килограми.
  • Краставицата содржи голем број на влакна и исто така има многу мало количество на калории. 95 % од краставицата е вода.
  • Магдоносот исто така содржи голем број на влакна и има природно диуретично дејство.
  • Во 100 гр ананас има околу 50 калории. Ова овошје содржи потребни влакна, а неговиот сладок вкус е одличен додаток во пијалакот.