Кинеските археолози го пронашле најстариот „модерен“ тоалет на светот | „Бевме изненадени, а потоа сите се насмеавме“

786

Откривањето на тоалет со плакнење стар над 2.000 години е изненадувачки и интригантно, бидејќи се верува дека пронајдокот на модерниот тоалет со плакнење доаѓа од Викторијанска Англија.

Еден од веројатно најстарите тоалети некогаш откриени е пронајден во Кина, објави кинеската државна новинска агенција. Кинеските археолози открија дека тоалетот има и софистициран систем за плакнење.

Откритието е направено за време на ископувањето на две големи згради во урнатините на палатата, во кинескиот град Yueyang, а научниците од Институтот за археологија при Кинеската академија за општествени науки биле целосно изненадени.

Се проценува дека овој тоалет е стар помеѓу 2.200 и 2.400 години, односно помеѓу периодот на завојуваните држави и почетокот на кинеската династија Хан. Откритието е изненадувачки и интригантно бидејќи се верува дека изумот на модерниот тоалет со плакнење доаѓа од викторијанска Англија.

Откриениот тоалет е „измамно напреден“ поради системот за одводнување на вода што се користи во модерното време, објасни за кинескиот Global Times, Fan Mingyang, експерт за дизајн на антички алатки.

Тоалетната школка, другите скршени делови и цевката што води до надворешната јама беа откриени во летото 2022 година. „Луксузниот објект“ веројатно би го користеле само високи членови на палатата пронајдена во кинеската провинција Shaanxi, изјави за China Daily, Liu Rui, член на археолошкиот тим кој го ископува местото.

  • Тоа е првиот и единствен тоалет со плакнење ископан во Кина. Сите на местото беа изненадени, а потоа сите пукнавме од смеење, изјави Liu. Секогаш кога тоалетот се користел, слугите морале да истураат вода во садот, за да се исчисти преку системот за испирање, додаде тој.

Со анализа на околната почва можете да стекнете увид и во исхраната и прехранбените навики на луѓето од споменатиот период.