Нѐ убедија. Нѐ срамнија со земја. Нѐ уништија.

248
Пишува Синиша Ковачевиќ

Нѐ убедија дека е луксуз да излезеш барем еднаш месечно со семејството на ручек.

Нѐ убедија дека е нормално да трпиме, да немаме, да се позајмуваме, и хронично да посакуваме сѐ и сешто.

Нѐ убедија дека е луксуз да заминеме со семејството на летување, и тоа на рати.

Нѐ убедија дека, расфрлување е ако имаме повеќе од два пара чевли, а дека е нормално да се бира на кој член од семејството која есен ќе му се купат нови.

Станавме нација здебелена од леб, затоа што немаме пари за месо. Станавме земја на исфрустрирани родители, затоа што на децата не можеме да им овозможиме ниту стотинка од нормалните работи кои ги сакаме.

Станавме земја на скарани сопружници, затоа што постојано сме под стрес, постојано нервозни и несреќни. Станавме губитници, а не ни е јасно зошто.

Чесно си го завршивме училиштето, чесно си ја работиме својата работа, но оваа држава не е задоволна – не цеди додека не поцркаме и не убедува дека така мора. Дека така треба. Дека тоа е совршено нормално. Ако може би не погребале, но не можат додека ги плаќаме порезите и придонесите.

Наместо да рикаме “Сакаме подобро”, ние шепотиме дека може и полошо. Не се тежнее кон среќен живот, туку кон страв од поголема несреќа. Срамно го нарекуваат минималецот за најниска плата во овој дел на светот, со која минималните трошоци не можат да се покријат.

Двајца родители со минималец, со две деца дома, за купување на зимска јакна се спремаат онака како што е нормално да се спремаат за купување на нов автомобил. Нашите работници се најобесправени во Европа. Немаат пари за лекување, да ги поправат забите, да ги закрпат чевлите. Штедат на огрев, закрпуваат една дупка додека друга се отвара, должат за струја, за вода, им доаѓаат извршители, стравуваат дека ќе останат и без тоа малку сиротиња што ја стекнале. Е, тогаш ќе се разболат, но и болните работат, затоа што е луксуз да се оди на боловање.

За тоа време цената на трудот се зголемува за три-четири динари. Нè убедија дека тоа е нормално и дека така треба. Нашите родители се понижени во староста, ги натераа да копаат по контејнери, наместо по 40 години работа да бираат бања во која малку ќе зајакнат, да ги намалат болките, да го подобрат здравјето.

Наместо да играат со своите внуци, тие ги гледаат преку Скајп, затоа што од оваа земја може секој да избега. Децата ни растат во верувања дека е нормално вака да се живее, затоа што поинаку не ни знаат. За разлика од семејствата во нормалните земји, кај нас не можете да испланирате со децата за празник да отпатувате некаде, децата да запознаат различни култури, да ги посетат знаменитостите од учебниците.

Затоа што, во последните 20 годни, повеќе политичарите го избркаа овој народ од државава, отколку Турците за пет векови.

Пишува Синиша Ковачевиќ

Ubedili su nas! Ojadili i srozali