Образовните институции на еден швајцарски кантон пресудија дека ниту еден ученик не смее од религиски причини да одбие ракување со својот професор.
Пресудата која е донесена во Кантон Базел се однесува на двајца муслимански браќа, тинејџери кои минатиот месец одбиле да се ракуваат со нивната професорка, што предизвикало негодувањето од јавноста.
Браќата изјавија дека физички контакт со жена е забранет во нивното сфаќање на исламот.
На нивните родители сега им се заканува тужба ако нивните синови повторно одбијат ракување со професорки, што е вообичаен начин на поздравување на учениците со професорите во швајцарските училишта.