ДЕКАРТОВ КВАДРАТ | Не можете да донесете тешка одлука? Еве како тоа да го решите за 2 секунди!

670

Користејќи го овој метод можете да го анализирате секој проблем од различни агли. После тоа, ќе имате сосема поинаков поглед на дадената ситуација.

Декартов квадрат е едноставен, но многу ефикасен метод кој може да помогне да донесете тешки одлуки. Идејата која стои зад неа е дека можете да анализирате било каков проблем или ситуација од различни агли, и тоа само одговарајќи на четири прашања.

Дајте искрени одговори на следниве прашања:

1. Што ќе се случи ако тоа се случи? (Што ќе добијам од сè?)

2. Што ќе се случи ако тоа не се случи? (Дали сè ќе остане исто? Кои се придобивките ако не направиме нешто?)

3. Што нема да се случи ако тоа се случи? (Слабости, маaни, грешки, штета која би произлегла ако нешто би направиле.)

4. Што нема да се случи ако тоа не се случи? (Грешки и недостатоци ако не направиме нешто.)

Бидете внимателни кога одговарате на ова прашање – мозокот ќе се обиде да ја игнорира двојната негација, а вашиот одговор би можел да биде сличен на првиот одговор. Не дозволувајте тоа да се случи!

Зошто овој метод е толку ефикасен? Поентата е дека кога сме во ситуација која бара од нас да донесеме тешка одлука, често се заглавуваме на првото прашање – Што ќе се случи ако тоа се случи?

Декарт нѝ овозможил со помош на квадрат истиот проблем да го гледаме од четири различни агли, со што нѝ овозможува да направиме добро избалансиран и свесен избор.