И пијалоците без шеќер се штетни за забите

1268

Австралиски научници открија дека пијалоците и слатките со вештачки засладувачи ги оштетуваат забите не помалку од оние кои содржат шеќер, соопшти УПИ.

Штетни за забите се киселините кои ги раствораат цврстите ткива, а почнуваат од емајлот. Тие се произведуваат од бактериите во устата, кои се хранат со шеќер или јаглехидрати.

Затоа би требало безалкохолните пијалаци и храната со помалку шеќер да ја намалуваат киселината.

Научниците од Универзитетот во Мелбурн сепак открија дека разлика во штетата врз забите кај пијалоци со и без шеќер речиси нема.

“Многу луѓе не знаат дека иако со намалувањето на шеќерот се намалува ризикот од оштетување на забите, мешањето на киселини во некои видови храна и пијалоци може да предизвика не помалку штетна средина и нагризување на забите”, вели д-р Ерик Рејнолдс од Универзитетот на Мелбурн.

Научниците го проверија ефектот врз цврстината на глеѓта од 23 вида пијалоци врз 70 човечки примероци.

Тие открија дека речиси нема разлика помеѓу пијалоците со и без шеќер. Повеќето предизвикуваат омекнување на емајлот од 30 до 50 проценти.

Млекото и водата се безбедни.

Кока-колата, растворливите и енергетските пијалаци предизвикуваат попреченост, со исклучок на оние кои се со повеќе калциум.

За здрави заби научниците препорачуваат безалкохолните пијалаци да се заменуваат со вода и да се чита содржината на етикетата. Најмногу штетни за забите се лимонската и фосфорна киселина.