Првата љубовна средба оди во историјата

99

Радувањето на првата љубовна средба може да стане застарено кон 2040 година, бидејќи дотогаш вљубените ќе сакаат да се потпираат на виртуелни средби, пишува “Метро”.

Весникот се повикува на истражување на лондонскиот “Кралски колеџ”, кој предвидува исто барателите партнери во средината на овој век на широко да користат ДНК тестови за да најдат вистинскиот човек.

“Кон 2040 година приближно 70 проценти од двојките ќе се поврзуваат на интернет, а технологијата ќе направи вистинска револуција во начинот на изнаоѓање на партнер и на изградбата на љубовна врска”, предвиде нарачателот на истражувањето Ромен Бертран од сајтот e.Harmony.co.uk.

Според истражувачите идните партнери ќе имаат можност да детектираат максимален број кореспонденции врз основа на детално истражување на карактерите и однесувањето на другиот.

Додворувањето ќе се одвива претежно онлајн во реално време, а паровите ќе си помагаат и со достигнувањата на вештачката интелигенција. Наоѓањето на вистинската личност ќе стане полесно од било кога.

Технологијата ќе овозможи користење на сите сетила за време на онлајн контактите.Виртуелните партнери ќе можат дури да се држат рацете, наоѓајќи се на двата краја на светот.