На списокот на најголеми градови има 19 градови кои во одреден момент од историјата имале најмногу жители во светот. Списокот опфаќа период од 7.000. години п.н.е. до денес.
Со текот на времето, градовите растеа, па пред 9000 години, Чатал Хојук со 1.000 жители беше најголемиот град во светот, додека денес Токио има 38 милиони жители.
Ви го претставуваме список на „Business Insiders“ од 19 градови, кои едно време имале најмногу жители во светот, пишува „National Geographic“.
Çatalhöyük, 1.000 жители 7.000. години п.н.е.

Многумина сметаат дека Çatalhöyük во Турција, е првиот град во светот. До 6.500 година п.н.е., тој веќе имал 3.000 жители, што во тоа време била импресивна бројка.
Се состоел од стотици куќи од кал на два рида. Бил толку преполн што луѓето шетале преку покривите, а не по улиците. Градот имал развиена култура, што е потврдено со ѕидни слики, фигурини и наоди кои сведочат за погребни обреди.
Откриена е слика на еден ѕид, која е прогласена за најстара мапа и за најстара слика на пејзаж во светот.
Продолжува на страна 2