Повеќе од 80 проценти од случаите на инфекција би можеле да потекнуваат од области надвор од Европа.
Европа бележи зголемување на бројот на заразени со ешерихија коли (E. coli) отпорни на постоечки антимикробни лекови, покажуваат податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ECDC), кој предупредува дека станува збор за „брзо ширење“ инфекцијата.
Земјите-членки на Европската унија (ЕU) и Европската економска област (ЕЕА) пријавиле „зголемен број на изолати на E. coli кои го носат генот blaNDM-5, што ги прави отпорни на карбапенеми“, објави ECDC кон средината на мај.
Карбапенемите се антибиотици со широк спектар „кои се користат како последно средство за лекување на потешки инфекции со ешерихија коли“, соопшти ECDC, предупредувајќи дека видовите на бактериите што носат blaNDM-5 се „веќе воспоставени“ и „претставуваат нова закана“ сооглед на тоа дека може да бидат отпорни на други антибиотици, вклучително и аминогликозиди, флуорохинолони и триметоприм-сулфаметоксазол.
E. coli е најчеста причина за инфекции на крвотокот и уринарниот тракт (IMS) во Европа, објави ECDC.
Мартско истражување на научници од Соединетите Држави укажа на зоонозата E. coli која се пренесува преку храната која предизвикува половина милион инфекции на уринарниот тракт годишно.
ECDC, агенцијата на ЕУ чија цел е да ја зајакне одбраната на населението во Европа од заразни болести, тврди дека видот отпорен на антимикробни лекови веројатно е поврзан со земјите во Африка и Азија.
Своето тврдење го заснова на информации за патувања и хоспитализација на поединци. Тие укажуваат дека повеќе од 80 проценти од случаите на инфекција би можеле да потекнуваат од области надвор од Европа.
Агенцијата препорачува натамошно зајакнување на мерките за рано откривање на инфекцијата и нејзина контрола, и посочува дека ширењето на отпорен вид во и меѓу здравствените институции, исто така, може да го зголеми товарот што го чувствуваат здравствените системи низ Европа.
Повеќе од 35.000 луѓе годишно умираат во европските земји како резултат на инфекции отпорни на антибиотици.
Видот на E. coli кој го носи генот blaNDM-5 се шири брзо и во поголем географски размер. Затоа постои ризик дека бројот на инфекции со E. coli отпорни на карбапенем ќе се зголеми во ЕУ/ЕЕА во рок од неколку години, предупреди ECDC.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.