Дали вашата микробранова ја има оваа тајна преграда ? Да, и ние се чудиме, треба да се чисти на секои шест месеци

1229

Корисничка на TikTok покажа како правилно се чисти и менува филтерот во микробрановата печка, но многумина не знаеле дека овој кујнски апарат воопшто има филтер.

Повеќето од нас користат микробранова печка за загревање оброци неколку пати неделно, но дали знаевте дека во неа има тајна преграда што треба редовно да ја чистиме?

Имено, корисничката на TikTok во виралното видео тврди дека филтрите во микробрановата треба да се чистат или менуваат на секои шест месеци, пренесува The Sun. Таа сподели видео во кое чекор по чекор покажува како правилно се чисти филтерот за микробранова печка.

Прво го извадила пластичното парче од горниот дел на нејзината микробранова печка и покажала валкан филтер. Потоа го извадила и го потопила вомиајлник со вода измешана со детергент.

Таа, исто така, употреби сунѓер од сапуница за да го исчисти пластичниот капак на филтерот што го отстранила на почетокот на видеото, заедно со околните области на микробрановата печка.

Меѓутоа, доколку не сакате да го исчистите филтерот, нема потреба да се грижите, бидејќи можете да го купите и лесно да го замените истрошениот.

Не сите микробранови имаат преграда за филтер

Корисниците на TikTok беа главно шокирани кога дознале дека микробрановите печки имаат филтри, додека други коментираа дека нивните уреди немаат тајна преграда.

Имено, како што пишува The Sun, овие типови на филтри најчесто се во вградени микробранови, а не оние кои стојат на работната маса.

„Повеќето вградени микробранови печки имаат филтер за маснотии, како и филтер за јаглен што помага да се намалат мирисите“, пишува на веб-страницата на еден производител.

Bonus video