Лековите за болка и апчињата за потенција се најмногу фалсификувани лекови во 47-те земји од Советот на Европа.
Тоа, го сподели експертот од Генералниот директорат на Советот на Европа за човекови права, Кристијан Бартолан.
Првиот најмногу фалсификуван лек е за потенција, но ќе бидете изненадени дека на второ место се пеинкилери, рече тој. Според него, во последните години се развива многу опасен тренд – лажни лекови за борба против СИДА и канцер. Тој објасни дека тоа е така затоа што во повеќе земји овие лекови се платени од џебот на пациентот, а тој е во потрага по поевтина алтернатива на интернет.
Фалсификуваните лекови најчесто доаѓаат од Азија, Африка и Источна Европа. “Тешко е да се каже каде точно се прават, бидејќи таблетите се на располагање во многу земји. Поради онлајн продажбата можете да го добиете лекот по барање по електронска пошта. А со голо око е многу тешко да се види кој лек е вистински а кој не “, предупреди експертот.
Според него големи пазари се Шведска, Франција, Германија и насекаде каде што има “црн пазар”.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.