За ова јадење ќе ви бидат потребни следниве намирници:
- 6 компири
- 250 гр мелено месо
- 1,5 шолја ориз
- морков, зачини, бибер,
- конзерва сецкани домати
Подготовка
- Издинстајте ги морковите, додајте ги месото, биберот и зачините.
- Кога месото ќе омекне додајте ги сецканите домати.
Излупете ги компирите и исечете ги. - Во огноотпорен сад ставете еден ред компири, врз нив оризот и посолете.
- Одозгора ставете го издинстаното месо, а потоа повторно компири.
Прелејте со вода така што водата ќе ги прекрие компирите. - Покријте го садот со фолија и ставете го во рерна да се пече половина час на 200 степени.