Rooibos чајот го забавува процесот на стареење

2414

Rooibos чајот е напиток што секојдневно можете да го пиете со цел да му обезбедите на организмот мноштво антиоксиданси што го забавуваат процесот на стареење и ги заштитуваат клетките од штетното дејство на слободните радикали.

Овој чај содржи мала количина на минерали како железо, калциум, магнезиум, цинк и манган, што поволно влијаат врз имунитетот.

За разлика од црниот и зелениот чај, роибос не содржи теин или кофеин така што можете да го пиете во кој било дел од денот, па дури и навечер, без да стравувате дека ќе имате потешкотии со заспивањето.

Лековити ефекти

  • во неговата родна земја, Јужна Африка, rooibos отсекогаш се користел како лек за гастрични и дигестивни проблеми (како што се металоиди, гадење, воспаление на цревата, чиреви)
        
  • докажано е дека ги смирува грчевите во цревата, особено кај малите деца
        
  • името „мајчино чудо“ го добива од неговиот корисен ефект врз доилките. Поточно, со употреба на чајот доилките по доењето забележуваат дека нервозата кај бебињата обично се смирува, а грчевите престануваат,
        
  • благотворен е за кожата,
        
  • смирува,
        
  • отстранува несоница,
        
  • помага при стресот и напнатоста,
        
  • брзо ги надополнува минералите изгубени преку зголемената физичка активност, особено спортистите.