“Му се јавив преку Фејсбук и веднаш се заљубив…”

614

Ги дели 27 години разлика, но далеку од тоа дека е најшокантното нешто во врската со оваа двојка за која луѓето зборуваат.

Мејсон Рис (53) и Сара Руси (26) се едни од најнеобичните парови за кои аборува целата планета.

Сара е веб-кем модел – заработува пари со изведување стриптиз пред камери. Таа е со просечна височина и, како што бара нејзината работа, исклучително убава. Најубаво се чувствува во минијатурните шорцеви.

Мејсон, од друга страна, е висок нешто над 120 сантиметри и не излегува од фармерките и маиците, но, тој е врзан за инвалидска количка.

– Искрено, таа е далеку над мојата лига и не можам да кажам дека се чувствувам претерано самоуверено кога луѓето на улица гледаат во нас и коментираат. Кога за прв пат ми рече дека сака да биде во врска со мене, бев во целосен шок. Денеска луѓето претежно претпоставуваат дека јас имам неверојатни пари и дека сум и спонзор – вели Мејсон.

Сара признава дека некогаш била спонзоруша, но вели дека тоа е нејзино минато.

– Супер е да се биде спонзоруша, знаев да наплатам и по 300 долари за една вечера, но откако го запознав Мејсон, сфатив дека не сакама повеќе тоа да го работам. Само сакам да бидам среќен со него, не ми требаат пари – тврди Сара, а Мејсон додаде дека од него никогаш не побарала ниту денар.

„Не само што не ме барала пари, туку честопати ме изненадувала со подароци“, вели Мејсон.

Инаку тој као дете работел како актер, и вели дека никогаш немал толку млада девојка, додека Сара вели дека пак била со постари мажи од Мејсон.

– Инаку, најчесто се дружам со мажи од околу 50 години, а Мејсон не е ни близу на најстариот со кој сум била. Ми се допаѓаат постарите мажи затоа што тие се зрели, а ми се допаѓа и нивната бела коса – вели Сара