Алкохолни пијалaци од древните култури

100

Модерните шанкери не се првите луѓе кои измислувале пијалаци за возрасни.  Всушност постојат многу чудни древни алкохолни пијалаци кои преживеале во историските и археолошките документации.

Тие можеби не секогаш звучат примамливо, но сигурно се фасцинантни. Пивото е едно од најстарите пијалаци во кои се ужива и ден денес, а многу од оние што биле алкохолни во минатото содржеле и психоделични супстанци. Тоа не би требало да нѐ изненади бидејќи овие пијалаци најчесто биле користени за религиски ритуали.

Еве некои од нив:

1. Кикеон (Kykeon)

Кикеон бил психоделична напивка што потекнува од античка Грција. Што всушност се неговите состојки е мистерија, но веројатно содржел необична мешавина од сирење, вино и јачмен. Во древните текстови, „кикеон“ бил збор кој се користел за да опише напивка со магични ефекти, но исто така бил поврзуван и со „мистерии“, или обреди за некој бог. Најпознатите „мистерии“ биле тајните обреди за божицата Деметра каде што свештениците пиеле непознат халуциноген пијалак за да имаат привиденија. Археолозите сметаат дека станува збор за кикеон кој содржел старо жито, обработувано на посебен начин за да има психоделични ефекти.

2. Поска (Posca)

Поска е можеби најнеобичниот пијалак од древниот Рим. Тој бил разводнет со вино или оцет и наменет за обичните луѓе и војниците. Можеби не бил со најдобар вкус, но некои луѓе му додавале тревки и зачини за да го подобрат. Интересен факт е што некои војници од висок ранг пиеле поска за да стекнат доверба кај обичните војници.

3. Шеде (Shedeh)

Шеде е мистериозен пијалак од древен Египет за чиј состав сè уште се дебатира. Дали бил вино, направено од калинки или грозје, или пак и од двете? Зборот „шеде“ нема конкретен превод. Во единствениот египетски текст кој објаснува како се прави овој пијалак пишува дека се филтрира и се загрева, но папирусот кој бил пронајден не е целосен. Што и да било, шеде веројатно бил пијалак за фараоните: Гробницата на Тутанкамон има слика од него.

4. Пулк (Pulque)

За овој пијалак, кој е предок на текилата, има најмногу приказни во историјата на Мексико. Се правел со ферментирање, а не дестилација, на соковите од растението агаве. Содржел многу пробиотици и имал многу голема примена. Според митологијата, овој млечно бел пијалак бил измислен во некој изгубен рај, иако веројатно е дека луѓето почнале да го пијат пред околу 4.000 години. Ацтеките го користеле како религиозен стимуланс.

5. Сома (Soma)

Сома се појавува во „Ригведа“, серија од древни религиски текстови од Индија. Сома било растение од кое се произведувал опоен халуциноген пијалак. Сома бил и бог кој го сметале за исцелител и бил поврзан со месечината и со плодноста. Во „Ригведа“, оваа напивка била направена од течноста на растението која се мешала со млеко и вода. Добиениот пијалак веројатно им давал интересни привиденија на оние кои го консумирале.

6. Египетско пиво

Египќаните биле најдобри пивари. За нив пивото претставувало дел од секојдневната исхрана, обезбедувајќи ги потребните хранливи материи за луѓето кои не јаделе доволно овошје и зеленчук. Пиварите го ферментирале и печеле јачменот со квасец а потоа ја цеделе течноста создавајќи пиво кое наликувало на супа. Археолозите нашле записи за пиво што датираат околу 3.100 години пред нашата ера.

7. Фалеријанско вино

Благодарение на нивните освојувања и нивната трговија, древните Римјани имале пристап до одлично вино. Фалеријанското вино, кое потекнувало од Кампанија, Италија, се сметало за едно од најдобрите.

Најдобро било кога на 15-годишна возрст и имало висок процент на алкохол.

8. Пивото на Мида

Гробницата на древниот крал Мида имала многу пиво внатре. Всушност, во оваа гробница имало вистинска погребна гозба со дрвени маси, 157 чаши па дури и древно пиво.

Археолозите го анализирале и откриле дека било мешавина од вино, мед и многу малку пиво.

9. Кондитум (Conditum)

Зачинетото вино на древните Римјани звучи навистина примамливо.

Заблажено со мед и превриено, кондитумот бил популарен алкохолен пијалак од времето на Рим, па до византиската ера и подоцна.

Еден древен рецепт „преживеал“ во книгата на некој готвач па ова вино им се препорачува на туристите.

Рецина (Retsina)

Грчкото вино рецина е познато по својот необичен вкус кој доаѓа од боровата смола во алкохолот.

Смолата била додаван како конзерванс. Археолозите пронашле докази дека ова вино постоело уште пред 3.000-4.000 години.

Останало популарно дури и денес.