Шведски научници откриле како да ги натераaт луѓето да веруваат дека ги смениле своите тела

1507

Тим од шведски истражувачи проучува како човечкиот мозок се ориентира во просторот и ни помага да ја наоѓаме вистинската насока, пишува CNET.

Излегува дека истражувањето достигна до неверојатни сознанија за идентитетот и сочувството. При претходни обиди научниците создадоа кај волонтерите илузија дека имаат невидливо тело.

Учесниците доживеале реално физичко чувство при допир на празен простор и реагираа со страв кога во празниот простор биле заплашувани. Во новиот извештај објавен во Журнал Current Biology, истражувачите опишуваат експеримент, репродукција чувството за промена на тела.

За да ја креирате оваа илузија, екипата побарал учесниците да легнат во машина за функционална нуклеарна магнетна резонанца. Во исто време тие носеле пред очите шлем што го покажувал она што го гледа друг човек како лежи на маса во истата соба на место каде може да се види човекот во машината. Тоа е како да гледаме во близок кадар на ТВ екран некој кој седи на стол во дневната соба и не гледа како лежиме на каучот. Со нуклеарно-магнетна резонаца научниците ја набљудувале мозочната активност на волонтерите.

За да се постигне чувство дека човекот во машината се наоѓа во телото на другиот учесник, истражувачите ги допреле и двајцата во исто време и на исто место. “Во рамките на секунди мозокот констатира чувство за допир и визуелните податоци во нова перспектива, а резултатот е илузија дека се наоѓаме во туѓо тело и се наоѓаме таму каде другиот човек се наоѓа во собата, надвор нашето тело”, објаснува Арвид Гутерстам.

Со други зборови, кога двете тела биле допрени, човекот во машината за магнетна резонанца почувствувал дека е во телото, што гледа дека е допрено кое се наоѓа надвор од машината. Истражувачите продолжиле обидите, заканувајќи му се на телото надвор машината со нож. Ова доведе до потење и зголемување на мозочната активност во областите поврзани со чувството за страв. Резултатите покажуваат дека “мозокот го прифатил туѓото тело како свое”. Кога научниците се заканиле на учесникот во машината со имитација на чекан од пластика, реакцијата била помирна, што наметнува заклучок дека чувството на учесникот беше дека нападот била насочена кон другиот во собата.

Зошто се случува ова? Во 2014 година истражувачки тим доби Нобеловата награда за откритието дека одредени неврони наречени “неврони за место”, вршат улога при ориентацијата во просторот. Гутерстам и неговите колеги успеале да рекреираат кај учесниците илузија дека се наоѓаат на неколку различни локации во собата. Набљудувајќи мозочната активност, научниците утврдиле дека одредени области, меѓу кои и невроните за место се одговорни за чувството на сопственост на телото.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.