Избор на зрела и слатка лубеница веќе не е прашање на среќа | Користете ги овие едноставни трикови

1568

Користете ги овие едноставни и брзи трикови за да изберете совршена лубеница.

Омилено летно овошје за многумина е секако лубеницата, која го лади и хидрира организмот. Сепак, понекогаш е тешко да одберете зрела и сочна, но постојат трикови што ќе ви го олеснат изборот во иднина.

Боја

Најзрелите лубеници имаат жолтеникавa дамка, додека оние што се бели или светло зелени треба да се избегнуваат затоа што се брани пред да бидат зрели.

Не купувајте лубеница која нема никаква дамка на површината!

Површина

Меката површина на лубеницата е знак дека плодот почнал да скапува. Исто така, избегнувајте ги оние со сува површина бидејќи ја изгубиле својата сочност и сладост.

Површината на лубеницата треба да биде темно зелена, мазна, тврда на допир и без видливи оштетувања.

Звук

Ако лубеницата „одекнува“ кога ќе ја тропнете, тогаш е зрела и слатка.

Тежина

Иако тешките лубеници тешко се носат дома, треба да се фокусирате баш на тие примероци. Имено, дури 92 проценти од лубеницата е вода, што значи дека најсочните плодови се и најтешки.

Изгледот на дршката

Ако дршката е зелена, лубеницата е свежа, а ако е сува, веројатно стои подолго на полицата.