КЛУЧОТ Е ВО ФОСИЛОТ | Најновото истражување фрла ново светло на митот за чудовиштето од Лох Нес: „Можно е да постои“

1529

Универзитетот во Бат откри дека некои плезиосауруси живееле во слатка вода, а не само во морска.

Чудовиштето од Лох Нес или Неси би можело да постои, објави британскиот универзитет Бат по откритието дека некои плезиосауруси можеби живееле во слатка вода, пишува Телеграф.

Застапниците на теоријата за постоењето на Неси долго време веруваат дека суштеството од шкотската митологија можеби е праисториски морски рептил, врз основа на зрнести фотографии и изјави на очевидци кои со години велат дека Неси има долг врат и мала глава слична на плезиосаурус.

Скептиците, сепак, тврдат дека дури и да преживеала лозата на плезиосаурусите, суштествата не би можеле да живеат во Лох Нес бидејќи им била потребна солена вода.

Клучот е во фосилот

Сепак, Универзитетот во Бат откри фосили од мали плезиосауруси во речен систем стар 100 милиони години кој сега се наоѓа во мароканската пустина Сахара, што укажува на тоа дека тие живееле и во слатка вода.

Имено, пронајдени се коски и заби на возрасна единка висока 3 метри и рачна коска на младенче висок 1,5 метри. Фосилите сугерираат дека суштествата живееле и се хранеле во слатка вода, заедно со жабите, крокодилите, желките, рибите и водениот диносаурус Спиносаурус.

– Ме изненадува тоа што во древна мароканска река живееле толку многу месојади рамо до рамо, изјави коавторот на студијата Дејв Мартил, професор по палеобиологија на Универзитетот во Бат.

Прокоментира дека тоа сигурно не било место за пливање.

Забите на плесиосаурусите дури ги покажуваат истите модели на абење како спиносаурусите, што сугерира дека тие редовно се хранеле со истата тешко оклопна риба што пливала во речниот систем и не биле само повремени посетители.

Истакнатиот палеонтолог Др. Ник Лонгрич не потсети дека навистина не знаеме зошто плезиосаурусите се во слатка вода.

– Малку е контроверзно, но кој вели дека морските влекачи мора да живеат исклучиво во морето. Знам дека ние палеонтолозите секогаш го кажувавме тоа, но многу морски видови пливале во слатки води.

Првиот комплетен скелет на плезиосаурус бил пронајден во 1823 година во Лајм Реџис, во Дорсет од Мери Енинг, англиски ловец на фосили.

Суштеството имало мала глава, долг врат и четири перки. Се смета дека повеќе личи на модерните влекачи, во споредба со ихтиозаурусот, кој е пронајден во истите карпести слоеви само неколку години порано.

Плива како морски лав

Тој пливаш мавтајќи со перките во водата, исто како што прават морските лавови денес. Живеел од доцниот тријас до доцната креда, пред околу 215 милиони до 66 милиони години, пред да изумре со диносаурусите.

Неговата поврзаност со чудовиштето од Лох Нес првпат ја поврза Артур Грант, студент по ветерина, кој тврдел дека за малку ќе го удрил суштеството на неговиот мотор во јануари 1934 година. Го опиша како вкрстување помеѓу фока и плезиосаурус. Тој нацртал скица што наликува на античко морско суштество.

Само неколку месеци подоцна, Дејли Мејл објави фотографија од гинекологот Роберт Кенет Вилсон, на која исто така се гледа суштество со долг врат и мала глава како се движи низ водата.

Фотографија од гинекологот Роберт Кенет Вилсон

Фотографијата, популарно позната како фотографија на хирургот, подоцна било откриено дека е лажна, поставена од незадоволен поранешен вработен во Дејли Мејл, бесен што весникот го исмејувал неговиот свекор кој тврдел дека ги нашол отпечатоците на Неси.

Во соопштението за печатот, Универзитетот во Бат изјави дека новото откритие покажало дека чудовиштето од Лох Нес е „на едно ниво веројатно“.

Плезиосаурусите не живееле само во морето, тие живееле и во слатка вода, се додава во соопштението за печатот, но исто така е посочено дека откривањето на фосили покажува дека плезиосаурусите изумреле во исто време со диносаурусите пред 66 милиони години.

Според една од многуте теории, Неси е всушност преживеан плезиосаур, џиновски морски рептил. Од 1970-тите, научниците темелно го истражувале дното на Лох Нес во потрага по коски од плезиосаурус, но никој сè уште не ги нашол.