На генијалците не им се сите петки во средно | Свидетелството на Никола Тесла е доказ за тоа

142

Документ кој претставува свидетелство од положениот матурски испит во учебната 1872/73 година, на име Никола Тесла ги загреа социјалните мрежи.

Покрај сите податоци за комисијата која присуствувала на полагањето, сепак има и една грешка. Всушност, станува збор за датумот на раѓање. Имено, Тесла е роден на 10 јули 1856 година (додека на свидетелството пишува 2 ноември 1856).

Во документот се опфатени сите предмети кои Тесла морал да ги положи за да заврши гимназија во Хрватска.Она што ги изненади повеќето луѓе е дека по физика, хемија и особено геометрија, немал добри оценки.