Најплатените фудбалери на Светското првенство ! Роналдо убедливо пред Меси и Мбапе

82

Светското првенство 2026 носи бројни новини. За првпат во 96-годишната историја на турнирот ќе настапат 48 репрезентации, а домаќини ќе бидат три држави – САД, Канада и Мексико. Натпреварите ќе се играат во рекордни 16 градови.

Ова ќе биде и првото Мундијалско првенство на кое ќе настапат двајца фудбалери милијардери – Кристијано Роналдо со Португалија и Лионел Меси со Аргентина.

Во пресрет на турнирот, „Форбс“ ја објави листата на најплатените играчи, а на врвот се наоѓаат најголемите ѕвезди на светскиот фудбал.

Кристијано Роналдо – 300 милиони долари

Португалија | 41 година

Кристијано Роналдо е убедливо најплатениот фудбалер во светот, но и спортист со најголема заработка воопшто. Во изминатите 12 месеци инкасирал околу 300 милиони долари, од кои 235 милиони од фудбалот, а 65 милиони од спонзорства и комерцијални активности.

Неговото богатство се проценува на 1,2 милијарди долари, што го прави еден од ретките активни спортисти милијардери. На своето шесто Светско првенство Роналдо ќе се обиде конечно да стигне до единствениот голем трофеј што му недостига – светската титула.

Лионел Меси – 140 милиони долари

Аргентина | 38 години

Лионел Меси заработил 140 милиони долари во последната година, подеднакво распределени меѓу приходите од теренот и маркетингот.

Ѕвездата на Интер Мајами и актуелен светски шампион со Аргентина ќе настапи на своето шесто Светско првенство. Доколку постигне четири гола, Меси ќе стане најдобар стрелец во историјата на мундијалите, надминувајќи го Мирослав Клосе.

Килијан Мбапе – 95 милиони долари

Франција | 27 години

Француската суперѕвезда и напаѓач на Реал Мадрид заработува 95 милиони долари годишно. Веќе има освоено светска титула со Франција во 2018 година, а уште еден голем успех би можел дополнително да ја зголеми неговата вредност на маркетиншкиот пазар.

Ерлинг Халанд – 80 милиони долари

Норвешка | 25 години

Голгетерот на Манчестер Сити заработува околу 80 милиони долари годишно. Норвешка ќе игра на Светско првенство првпат по 1998 година, а Халанд ќе има можност за своето мундијалско деби.

Винисиус Жуниор – 60 милиони долари

Бразил | 25 години

Ѕвездата на Реал Мадрид инкасира околу 60 милиони долари годишно. Иако самиот не го смета Бразил за главен фаворит, „кариоките“ ќе се обидат да ја прекинат 24-годишната суша без светска титула.

Мохамед Салах – 55 милиони долари

Египет | 33 години

По девет сезони во Ливерпул, Салах е пред нов предизвик во кариерата. Египќанецот заработува 55 милиони долари годишно и ќе се обиде да ја одведе својата репрезентација до историски успех на Мундијалот.

Садио Мане – 54 милиони долари

Сенегал | 34 години

Напаѓачот на Ал Наср и лидер на Сенегал има годишни приходи од 54 милиони долари. Добар настап на Светското првенство би можел да му донесе нов голем договор.

Џуд Белингам – 44 милиони долари

Англија | 22 години

Еден од најталентираните фудбалери на денешницата и член на Реал Мадрид заработува 44 милиони долари. Белингам беше меѓу најзабележителните играчи на Англија и на Светското првенство во Катар.

Ламин Јамал – 43 милиони долари

Шпанија | 18 години

И покрај младоста, крилниот напаѓач на Барселона веќе се наоѓа меѓу најплатените играчи на светот. Покрај фудбалските приходи, значителни средства добива и од спонзорски договори со големи светски брендови.

Хари Кејн – 41 милион долари

Англија | 32 години

Капитенот на Англија и напаѓач на Баерн Минхен е најдобриот стрелец во историјата на својата репрезентација. Во 2026 година веќе има постигнато повеќе од 30 голови за клубот и националниот тим.

Нејмар – 38 милиони долари

Бразил | 34 години

И покрај проблемите со повредите, Нејмар останува една од најголемите светски ѕвезди. Дури 28 милиони долари од неговите годишни приходи доаѓаат од спонзорски и маркетиншки договори.

Топ 11 најплатени фудбалери на Светското првенство 2026

Фудбалер Годишни приходи
Кристијано Роналдо 300 милиони долари
Лионел Меси 140 милиони долари
Килијан Мбапе 95 милиони долари
Ерлинг Халанд 80 милиони долари
Винисиус Жуниор 60 милиони долари
Мохамед Салах 55 милиони долари
Садио Мане 54 милиони долари
Џуд Белингам 44 милиони долари
Ламин Јамал 43 милиони долари
Хари Кејн 41 милион долари
Нејмар 38 милиони долари

Додека светските фудбалски ѕвезди ќе се борат за највредниот трофеј, нивните заработки уште еднаш покажуваат колку фудбалот прерасна во глобална индустрија вредна милијарди долари.