Како жените ја убиваат сексуалната желба кај партнерот?

1623

Без да сакаат жените понекогаш ја убиваат сексуалната желба на мажите.

Либидото е кревко, иако мажите по природа се посексуални од нежната половина на светот. Нивната желба може да страда од некои неволни женски гестови.

Што во женското однесување може да предизвика колапс во машкото либидо?

Не дозволувате да ве види гола

Мажите се потпираат исклучиво на видот, штом дојде до љубовна игра. Еден поглед на голото женско тело е доволен за да се возбуди. Кога го криете телото, безопасни сте во темница или под покривката, секс со облеката – тоа неизбежно ќе влијае на сексуалната реакција кон вас.

Не дозволувате да ве плеска по задникот

Некои жени не сакаат да бидат плескани надвор од сексуалната игра. Мажите, пак, од своја страна, обожаваат да ве ПЛЕСНАТ по задникот кога минувате покрај нив. Или пак да ви ги допрат градите најотворено, иако не сте гола.

Не го земајте ова однесување како навредливо или неприфатливо, под услов да се случува само кога сте сами. Тоа ги возбудува мажите и покренува нивното либидо.

Не нагласувате на љубовната игра

Верувале или не, мажите обожаваат предигра. Погрешно повеќето жени сметаат дека мажите преферираат брз секс без особени игри, милувања и техники за кревање на сексуална тензија.

Напротив! Мажите сакаат да даваат милувања и да добиваат во замена. Затоа не грижете се да се релаксирате во прелиминарната љубовна игра и да дадете сè што сте способна за да го задоволите својот партнер. Тој ќе ви одговори со истото.

Не сакате да дознаете што му се допаѓа на неговото тело

Без да сакаат жените понекогаш не обрнуваат внимание толку на ерогените зони на мажот, бидејќи сметаат дека возбудата е лесна работа, сè додека пенисот е еректиран.

Не е така. За да ја разбудите уште потопло неговата желба, а и за да го натерате да се наслади на сексот со вас е подобро да обраќате внимание на она што му дава задоволство, за да стигнете до крајното уживање. Зарем не е она што го очекувате и вие?

Се лутите кога не добивате секс

Бидете со разбирање, бидејќи не секој маж е секс машина. Дури и да е, мажите носат свест, што понекогаш се уморува и истоштува. Па не се лутете кога не е во расположение за секс. Не правете сцени, туку имајте разбирање. Ако се лутите, само ќе го оттргнете уште повеќе.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.