Стресот е дел од секојдневниот живот на секој од нас. Некои луѓе лесно минуваат низ одредени ситуации, лоши периоди, додека за други анксиозноста се претвора во хронична.
Постојат многу фактори кои можат да доведат до несакани физички промени и болести или моментални болки. Стресот е еден од нив. Видете неколку симптоми на стрес, кои не треба да ги одминувате.
Отежнато дишење
Кога се наоѓате во ситуација на анксиозност и стрес во телото сосема природно се одделуваат хормони на стресот, крвните садови се стегaат. Тогаш почнувате да се чувствувате како не може да земете доволно воздух. Екстремната диспнеа се идентификува како претходник на панични напади.
Вознемирен стомак или стомачни грчеви
Промените во автономниот нервен систем предизвикани од анксиозност, можат да доведат до дигестивни проблеми. Имало болки во стомакот, гасови, гадење. Исто така анксиозноста може да предизвика промени во апетитот.
Дигестивниот систем има свој ритам, но кога е нарушен од наглото покачување на хормоните кортизол и адреналин, резултатите се непредвидливи. Тоа значи дека ако стресот ви е секојдневен, хроничен, толку редовни ќе бидат и дигестивните проблеми.
Мускулни болки
Загриженоста може да предизвика затегнување и тензија во мускулите на телото. Некои луѓе кои се подложени на редовен стрес велат дека чувствуваат стегање во областа на вилицата. Стискањето на заби е заеднички пропратен ефект од анксиозноста, а тоа гадење се пројавува често и за време на спиењето.
Потење
Силниот стрес може да предизвика и ненадејно потење, особено на дланките. Хормоните се наоѓаат во нерамнотежа, телото ја покачува телесната температура. Покрај дланките, потењето е зголемено во областа на пазувите, челото.
Недостаток на енергија
По ситуации на стрес, како некој да ни ја одзел од енергијата. Без да сме извршиле којзнае какви физички движења, ние се чувствуваме исцрпени, уморни. Овој недостаток на енергија често спречува да заспиеме, ни го прави сонот непотполен. Чувството на тежина во очите и главата, недостаток на концентрација се симптоми на стрес, кои не треба да ги одминуваме.
Палпитации
Во одговор на страв и стрес, телото почнува да синтетизира повеќе адреналин и норадреналин. Ова го става почетокот на редица физички реакции и зголемувањето на срцевата фреквенција е една од првите работи кои човек подложен на стрес гитестира. Придружена е со диспнеа и често страдаат имаме чувство дека ќе добиеме инфаркт.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.