Од победа да не биде беда | Македонија против Грција со изменет состав

267

Сениорската репрезентација на Македонија денес ќе ја пречека Грција во последното коло од квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Противникот е голем должник на нашите репрезентативци со оглед на тоа што ги порази во Кожани пред осум месеци. Тоа беше најтешкиот пораз на репрезентацијата, која во тој момент беше водена од Раул Гонзалез.

Мечот е од исклучителна важност за избраниците на Данило Брестовац кои со победа ќе го заверат првото место во групата. Но, мора внимателно да пристапат на денешната средба, ако се погледне последниот резултат на Грците. Тие изненадија уште еден фаворит и пред своите гледачи ремизираа против големиот Исланд.

На денешниот натпревар против репрезентацијата на Грција за обезбедување на пласман на ЕП 2020, селекцијата на Македонија ќе настапи со три промени во однос на претходниот натпревар одигран против Турција во Ескишехир.

На местото на Стојанче Стоилов ќе настапи Горан Крстевски, Дарко Димитриевски ќе биде замена на повредениот Милорад Кукоски, и на местото на Томислав Јагуриновски ќе биде Мартин Серафимов.

Пласманот на првата позиција за Македонија ќе донесе полесна ждрепка за ЕП. Селекторот ги има сите ракометари на располагање, а единствено отсуство ќе биде дефанзивецот Милорад Кукоски кој се повреди против Турција и Стоилов кој замина на операција.

Последниот меѓусебен дуел на домашен терен, македонската селекција го доби со убедливи 35-23 во рамки од квалфикациите за Светското првенство пред пет години.

Натпреварот се игра во салата „Парк“ во Струмица, со почеток од 18:00 часот.