Постои можност претставените мумифицирани тела да се всушност комбинација од човечки и животински коски.
Само еден ден откако Jaime Maussan, познат мексикански новинар и уфолог, ги претстави телата на мумифицираните суштества пред Мексиканскиот конгрес и рече дека овие суштества не припаѓаат на еволуцијата на овој свет, корисниците на социјалната мрежа Reddit лансираа противнапад и ги исмеале неговите тврдења.
На корисниците на Reddit им требаа само неколку часа да најдат видео на YouTube од август 2021 година, при што идентичното суштество било претставено со образложение дека е буквално склопено како некој вид Франкенштајн од човечки и животински коски.
“Оваа мумија ја нарековме Josephine. Наместо надлактица, таа има бедрена коска, а нозете и се уште повеќе збунувачки. Едната бедрена коска е превртена наопаку додека другата е тибија. Исто така, гледаме неусогласени коски на колкот, воопшто нема зглобови.
Со други зборови, така распоредено, тоа суштество никогаш не направило ниту еден чекор!
А што се однесува до „вонземската“ глава, францускиот палеонтолог Julien Benoit изрази мислење дека креаторите на малата хуманоидна мумија користеле черепи на помали цицачи, веројатно лама или алпака.
Тој бил доведен до таков заклучок со споредба која покажала дека черепната празнина на рептилоидот всушност совршено одговара на кранијалната празнина на ламата.
Во суштина, рептилското лице е всушност задниот дел од главата на некоја кутра лама, а таквото толкување го поддржа перуанскиот палеонтолог Rodolfo Salas-Gismondi.”
„Генерално, кој и да ги составил овие суштества не се занимавал премногу со биомеханиката или анатомијата“, беше нагласено, меѓу другото, за време на таа интересна снимка објавена на каналот „Научниците против митовите“.
Во меѓувреме, Maussan продолжи да инсистира на својот профил на Twitter дека претставените суштества не се од земно потекло.
„Примероци од овие суштества ги проучувале научниците од Националниот автономен универзитет во Мексико. Тие можеле да извлечат докази за ДНК користејќи радиојаглеродно датирање.
Откако беа направени споредби со други примероци на ДНК, откриено е дека над 30 отсто од примероците на ДНК се непознати, рече Maussan пред Конгресот во вторникот, нагласувајќи:
„Овие примероци не се дел од нашата земна еволуција и се пронајдени закопани во рудниците на дијатомеја“.