Сите репрезентации на републиките од поранешна Југославија учесници на ЕП 2020 во ракомет

2215

Македонија се пласира на Европското првенство во ракомет кое ќе се игра 2020 година со учество на 24 репрезентации. 

Интересно е, што меѓу учесниците се најдоа сите „екс-ју“ републики, така што покрај Македонија, пласман обезбедија и Србија, БиХ, Хрватска, Словенија и Црна Гора.

За Македонија ова е шесто Европско првенство во историјата, по настапите во 1998, 2012, 2014, 2016 и 2018 година.

Ждрепката за ЕП 2020 кое ќе се игра во три земји – Австрија, Норвешка и Шведска, ќе се одржи на 28 јуни во Виена.