Џејсон Хјулет од Солт Лејк Сити споделил емотивен статус со своите пријатели на Фејсбук, во кој признал дека „на некој начин ја изневерил својата сопруга“.
– Малку се срамам што го пишувам ова, но мислам дека ја изневерив својата сопруга на некој начин. Стоев во ред во продавница и забележав згодна девојка која стои пред мене. За момент помислив колку добро изгледа и дека нејзиното момче мора да е среќник. Но, кога малку се помести, сфатив дека тоа е мојата сопруга.
Тогаш се воодушевив самиот себе, бидејќи уште еднаш на необичен начин увидов колку ја сакам и колку е убава. Тогаш почнаа да ми се јавуваат мисли од типот: Добро е што не забележа како ја гледа оној со брадата или Што ако секогаш ја гледаат и ја меркаат други мажи? Ок, ова отиде предалеку, морам да се сопрам. И да ѝ набавам солзавец.
– Не ѝ пријдов. Не, туку само ја набљудував и се воодушевував на нејзината убавина и на тоа колку воопшто не е свесна за неа – напишал овој заљубен маж.
Овој статус го освои интернетот, а откако предизвика толкаво внимание, се јави и сопругата која објасни дека нејзиниот сопруг не ја препознал бидејќи се дотерала.
Исто така, додала дека воопшто не ѝ пречи што нејзиниот маж „гледал друга жена“ бидејќи му верува 100 проценти.



















