КРЕНА ПРАШИНА | Цел регион зборува за Konstrakta | Србинката Ana Đurić прва на трендот во Хрватска, може ли да победи на Евровизија?

1854

Konstrakta никого не остави рамнодушен со својот настап и песна. Додека некои ја обожаваат песната, на други навистина не им се допаѓа поради чудниот текст.

Србија на овогодинешниот избор за песна на Евровизија ќе ја претставува Ana Đurić, попозната како Konstrakta. Победничката песна се вика „In Corpore Sano“, која е прва во трендингот во Хрватска.

Пејачката на почетокот на песната се прашува која е тајната на здравата коса на Meghan Markle, а во продолжение на песната вели дека нема здравствена книшка.

“Одлучив да ја спомнам Meghan Markle во песната бидејќи медиумите пишуваат дека има убава коса. Таа има поубава коса од Kate Middleton, да не се лажеме. Meghan исто така е протерана, а ние ги поддржуваме прогонетите”, изјави за Kurir.rs неодамна Konstrakta.

Победата на Ana предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.

„Нема да верувате, но косата на Meghan Markle ќе се пее на Eurosong 2022″.

Некои сметаат дека ова воопшто не е песна туку рецитирање. Но, има и такви кои сметаат дека Konstrakta има шанси за добар успех на Евровизија.

Инаку, Ana дипломирала архитектура и е мајка на две деца. Пред да започне соло кариера, таа била дел од бендот Zemlja Gruva.