Правилен распоред на намирниците во фрижидерот

1957

Организирањето на просторот е една од најважните работи во секоја кујна за да имате достапност до сите производи, но и за да имате место да ги ставите новите намирници кога ќе се вратите од пазарење.

Еден од најдобрите начини да заштедите простор во ладилникот е производите во него да ги ставате без оригиналните пакувања кои само непотребно заземаат место.

На пример, кутијата од ориз слободно можете да ја фрлите, со оглед на тоа што оризот и онака е дополнително спакуван во кеса, а тие неколку сантиметри плус, одлично би ви дошле.

Кога зборуваме за распоредот на намирниците во ладилникот, во задниот дел ставете ги намирниците кои не ги користите многу често и кои имаат подолг век на траење, а напред нека бидат оние намирници кои секојдневно ги употребувате, и оние кои имаат пократок рок на траење.

Уште еден трик лежи во групирањето на намирниците. Зеленчукот ставете го на едно место, зачините на друго, сосовите на трето и т.н.

За уште подобра функционалност при организацијата и редењето на производите, во кујната можете да користите мали кутии за кои во секоја ќе знаете што точно има.

Исто така, корисно е во фрижидерот да чувате шишенце со распрскувач во кое се наоѓа мешавина од вода и оцет, така што при рака ќе имате средство за чистење кога нешто ќе ви се истури.

Таквите незгоди санирајте ги веднаш за да спречите размножување на бактерии во фрижидерот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.