Палачинки меки како душа | Рецепт кој секогаш успева

1406

Подготовката за палачинки треба да биде една од наједноставните потфати во кујната, но факт е дека многумина имаат главоболки.

Но, меки, пенливи и ровки палачинки тешко се постигаат ако немате добра тава и добар рецепт. Еве еден рецеп од кујната на нашите баби, кој е едноставен и по кој нема да барате подобар.

Состојки

– 3 јајца
– 250 гр брашно (полу-мазно и полу-остро)
– 350 ml млеко
– 1 dcl минерална вода
– малку сол
– 2 лажички масло
– половина лажичка рум

Подготовката за палачинки треба да биде една од наједноставните потфати во кујната, но факт е дека многумина имаат главоболки.

Related image

Подготовка

1. Матете ги јајцата се додека не добиете пенаста густа смеса, додадете го маслото па млекото и мешајте.

2. Потоа со постојаното матење додадете го брашното се додека не ги истурите тие 250 гр., додадете нокте сол и малку рум толку колку да добие арома, а уште поважно да се спречи впивањето на маслото.

3. Во колку ви стокми смесата густа, разредете ја со минерална вода.

Палачинките можете да ги намачкате со домашен џем од мешано овошје безе шеќер и конзерванси или популарниот крем од лешници во комбинација со банана.

Ви предлагаме уште една комбинација, нам омилена, мед со мелени ореви. Врв на една убава и здрава комбинација од која ниту боли глава, ниту ќе ви се подуе стомакот.