Научниците откриле непознат васкуларен систем во човековото тело

296

Утрото, како станавте од спиење, се разбудивте со нов дел во вашето тело, така барем во очите на научниците. Не може да го видите, ниту да допрете, но тој игра важна улога во однос на имунитетот и невролошките болести, тврдат научниците.

Тим од научници во медицинскиот факултет на Вирџинија го откри скриениот за долго време за нив систем од садови што тие го нарекоа “лимфни садови на централниот нервен систем”. Тој испушта лимфна течност од мозокот кон блиските лимфни жлезди. Откритието, кое беше објавено во списанието “Nature”, ги потресе научниците. Лидер на тимот на научници е Антоан Лувро, кој во моментов работи во лабораторијата на Џонатан Кипнис, директор на Центарот за церебрална имунологија на универзитетот.

Откритието е невроимунна верзија на гледање на еднорогот – не само што овој систем останал непознат за медицината откако постои, но и сето она што сме го читале, нема шанса да постои во човечкото тело, објаснуваат научниците. Како резултат на тоа невроимунолозите се бореа да го разберат механизмот на мозочната дренажа и воспаленијата. Кога сите ткива во мозокот се воспалени, молекулите и патогените се исцедуваат во наредните лимфни клетки, каде имуните клетки се активираат, за да ја продолжат битката. “До сега сметавме дека овој систем во мозокот не постои. Кога за прв пат ги видовме овие садови, јас, искрено, го изгубив разумот. Не може да има поневеројатно откритие од тоа”, вели Кипнис пред Mental Floss.

Фактот дека овие садови се наоѓаат толку длабоко, објаснува зошто останале тајна за научниците толку долго време.

Тие може да бидат откриени кај венска циркулација на мозокот, вклучувајќи ги мозочните вени и дуралните синуси, во јогуларните вени, во голем крвен сад.

Кипнис предупредува дека откривањето треба да биде испитано темелно, за да се разбере целосно. Сепак, тој е охрабрен дека откритието може да помогне во лекувањето и превенцијата на мултиплекс склероза, Алцхајмерова болест и аутизам. “Најважните работи допрва претстојат за откривање”, нагласува тој.