Ледени кифлички

345

Вкусот на овие кифлички неодоливо потсетува на ванилици…

Потребно

  • 250 грама маст,
  • 4 лажици шеќер,
  • 1 јајце,
  • 150 грама топло млеко,
  • 1 кесичка сув квасец,
  • 500 грама брашно,
  • рендана кора од лимон,
  • 1 ванилин шеќер.

За полнење  Џем од капини или некој друг по ваш избор, шеќер во прав.

Подготовка

Изматете ја маста, јајцето и шеќерот, па во тоа додадете го млекото, брашното и останатите состојки. Соединете го и изматете го тестото па ставете го во фрижидер на 3-4 часа. Тестото премесете го и поделете го на 5 делови.

Секој дел развлечете го во круг и поделете го на 8 делови. На секој дел ставете малку џем, завиткајте ги кифличките и ставете ги на плех, па потоа во загрена рерна на 180 степени некои 20-тина минути.

Кифлите треба да останат светли. Наросете ги со прав шеќер и послужете.

Овие ледени кифлички ќе ве воодушеват, бидејќи колку подолго стојат толку се помеки и повкусни.