Оваа појава е сосема природна, но ги излудува жените кои носат црна долна облека

1302

Секоја жена се соочила со тоа уште на првото носење на новите црни гаќички на нив да се појави бледа трага.

Многупати за тоа сме ги обвиниле детергентите, водата и самата машина за перење, но единствениот виновник во овој случај е вагината. Сепак, не се работи за негативна појава.

Избелувањето на овој дел од гаќичките настанува поради киселата средина на вашата вагина која се движи меѓу 3,5 и 7, а идеална е 5,5. Здравата вагина произведува кисел секрет, кој кога оксидира на ткаенината ја менува нејзината боја.

Во вагината „живеат“ микроорганизми одговорни за одржување на нејзиното здравје, кои спречуваат штетните бактерии да направат инфекции. Исто така, за време на овулацијата цервикалниот слуз е погуст и поконцентриран, па ги избелува гаќичките.

Едно од решенијата е носење секојдневни влошки, но тоа треба да го прилагодите на себе, бидејќи има жени на кои не им годи чувството на секојдневна влошка.