Според многумина, вака подготвената лимонада ќе ви помогне да ги исфрлите насобраните токсини од телото, како и да се ослободите од масните наслаги околу стомакот.
Активниот јаглен кој се додава во лимонадата нема да го смени нејзиниот вкус, но ќе ја направи поефикасна во исфрлањето на сите штетни материи од телото. Со тоа, ќе придонесете и за подмладување на кожата, подобар изглед на косата, а ќе почнете и побрзо да согорувате масти од телото.
Потребни ви се 750 мл вода, сок од два лимона и две здробени таблетки активен јаглен.
Можете да додадете и повеќе лимон, доколку можете да ја издржите киселоста. Оваа лимонада се служи ладна.



















