Сексуални совети од 1894 година

1901

Кога Рут Смитерс ја напишала книгата „Сексуални совети за сопружници“ во 1894, најверојатно имала многу сериозна намера, но денес нејзините совети изгледаат смешно.

Советите за интимната врска доаѓаат од конзервативна жена која се фокусира на „страшното искуство, наречено секс“ и која најверојатно би се онесвестила кога со временска машина би добила денешен магазин со совети за секс.

Писателката ги предупредува младите жени за се она што ги чека на првата брачна ноќ. Таа советува дека младите невсти треба да се однеуваат остро и дека не треба често да го повторуваат овој чин.

Слдуваат неколку од нејзините совети, кои вџашуваат со пристапот кон сексот:

  1. Паметната млада дама никогаш нема да дозволи сопругот да ја види без облека, ниту пак ќе се доведе во ситуација таа да го види својот сопруг без облека. Доколку неможете да го избегнете тоа, имајте секс во целосна темнина.
  2. Жената треба да лежи и да не мрда со своето тело. Секое движење мажот може да го сфати како нејзино сексуално задоволство.
  3. Мажите се природно развратни суштества. Ако им дадете каков било знак тие веднаш ќе одговорат на него. Тоа значи дека може да имате нормален однос, но ненормални услови.
  4. Жените за спиење облекуваат памучна ноќница, а мажите пижами. Облеката за спиење облечете ја во различни простории. Таа не смее да биде соблечена за време на сексуалниот чин, така се помал дел од кожата ќе биде изложени на допир.
  5. Кога мажот ќе го заврши чинот, мудрата жена мора да започне со „дрдорење“. Се работи за ситници кои тој самиот мора да ги направи.
  6. За време на односот жената мора мирно да молчи или константно да зборува за домашните обврски. Мора да биде мирна и да не покажува никакво задоволство.
  7. Жената секогаш пронаоѓа нов и подобар начин за да го избегне сексот во секоја прилика.
  8. Ако спругот се обиде да ја бакне сопругата во уста, жената мора да најде начин да го избегне тоа и да му даде ја бакне во образ.
  9. Доколку мажот се обиде да ја крене ноќницата на сопругата и да ја бакне на некој дел од телота, таа мора да го одбегне тоа и да ја намести ноќницата токму онака како што треба да стои.
  10. Со текот на времето, мажот треба да научи дека кога ќе инсистира на секс, не треба тоа да го прави со гестови како што се бакнежите.