По страсните активности под чаршафите, на повеќето жени им е потребна нежност, топла прегратка и разговор.
Тоа е совршен рецепт за квалитетен и здрав сон кој ни треба за да функционираме добро.
Сепак, пред да одиме да уживаме во гушкањето по сексот, треба да обрнеме внимание на работи кои можат негативно да влијаат на здравјето на жените.
По сексот нашето тело поминува низ одредени промени. Интимните делови од телото се многу почувствителни, па затоа треба да внимаваме да избегнуваме инфекции, иритации и болки кои понекогаш може да ги предизвика сексот.
Во продолжение прочитајте кои пет работи никогаш не треба да ги правиме после секс за да го зачуваме интимното здравје.
1. А ако заспиете пред мокрење?
За време на сексот телото е изложено на бројни бактерии кои лесно се сместуваат во интимните делови. Повеќето жени имаат потреба да уринираат после секс и никогаш не треба да ја игнорираме таа потреба.
За време на сексуалниот однос, бактериите се шират низ уретрата кон мочниот меур, што кај жените може да доведе до акутно воспаление на уринарниот тракт. Со мокрењето после секс всушност го „чистиме“, односно го исплакнуваме уринарниот канал од бактерии, истакнува др. Neven Kapun специјалист по урологија.
Исто така, многу е важен и правецот на бришење на интимните делови – после секс, но и воопшто после нужда. Секогаш треба да бришеме од напред кон назад за да спречиме бактерии да навлезат во нашите интимни делови.
2. Употребувате сапуни после секс?
Она што не би го ставиле во уста, не го ставајте ниту на вагината после секс, советува гинекологот Robert Wool.
Вагината е орган кој сам се чисти, а разните миризливи препарати би можеле да доведат до инфекции, иритации и сувост на вагината. Кога се туширате после секс, интимните делови треба да ги миете само со вода.
3. Спиете во заводлива облека?
Синтетичките материјали од кои се прави заводлива долна облека, многу лесно можат да предизвикаат габична инфекција. Ваквите материјали се ризични за здравјето на нашите интимни делови, особено после секс, кога овие делови се многу чувствителни.
Заводлива долна облека треба да носиме исклучиво за време на сексуални активности, но никогаш не треба да спиеме во неа или да поминуваме многу време во неа.
По сексот треба да спиеме во памучна долна облека, или најдобро – целосно голи за да можат интимните делови да се проветруваат и да дишат, советува д-р Wool.
4. Употребувате влажни марамчиња?
Ако сте чувствителни на алкохол или глицерин, влажните марамчиња (дури и оние за интимна нега) може да предизвикаат иритација на интимните делови. Влажните марамчиња се многу практични и затоа многу жени ги користат после секс.
Можете сами да направите влажно марамче. Измешајте еден литар топла вода со лажичка оцет и растворот нанесете го на стерилна газа. Оцетот нежно чисти и помага во одржување на природната киселост на кожата, објасни д-р Leslie E. F. Page.
5. Уживате во бања со меурчиња?
Опуштањето во миризливи меурчиња звучи навистина привлечно. Сепак, тоа може да биде опасна активност за здравјето на интимните делови од телото. Особено ако бањата ја делиме со партнерот. Вулвата отекува после секс и затоа е подложна на бактерии.
Исто така, подолгото изложување на вода ги намалува антимикробните бариери во таа област, па шансата за инфекција е уште поголема. Бактериите кои се наоѓаат кај партнерот лесно можат да залутаат во интимните делови, па затоа оваа атрактивна активност треба да се избегнува.