Сензори ќе го следат миењето на рацете во тоалет

272

Ако некогаш сте се сомневале во врска со хигиенските навики на своите колеги, преијатело или роднини, новите податоци ќе ве потресат.

Неверојатни 62% од мажите не ги мијат рацете по одење во тоалет, открива студијата. И иако жените почитуваат подобра хигиена, цели 40% признаваат дека исто така не користат сапун и вода по одење во тоалет.

Истражувањето на 100 000 луѓе, спроведено од компанијата за додатоци во бањата, покажува дека само во канцеларијата се соочувате со 10 милиони бактерии на ден. За тоа компанијата “Initial Washroom Hygiene, создаде технологија за подобрување на хигиенските навики на луѓето.

Таа поднела сензори, трагачи кој не си ги мие рацете по употреба на тоалет. Експериментот покажа дека 50% од вработените почнуваат да ги мијат рацете од срам нивните колеги да не сфатат дека не почитуваат добра хигиена.

Технологијата била тестирана во згради во неколку бизнис сектори, во училиштата, канцелариите и трговските објекти, каде хигиената на рацете е од суштинско значење.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Бонус видео