Кучињата паметат 2 минути

1495

Научниците ja открија причината зошто секогаш кучето не ве слуша.

За разлика од луѓето животните не паметат конкретни настани. Четири-ножниот пријател може да не се сеќава кога ви е роденден, но наместо тоа памти информации, кои му помагаат да преживее, покажува новото истражување на специјалисти од Универзитетот во Стокхолм.

Научниците открија дека само за две минути кучето може да ја заборави долгата прошетка во паркот. Шимпанзата за споредба паметат настани во рамките на само 20 секунди. Истражување на 25 животински видови од гулаби до делфини, покажа дека животните имаат краткорочна меморија и во просек паметат околу 27 секунди.

Истражувањето покажува дека животните имаат различни системи за меморија, поделени во краткотрајната меморија и специјализирани спомени. Во краткотрајната меморија се чуваat информации за речиси сè, но информациите исчезнуваaт брзо.

Животните имаат различни специјализирани спомени кои од една страна, може да чуваат само одреден вид на информации, но од друга страна, информациите се чуваат за многу долго време. Пример гавраните ja паметат локацијата на скриената храна со месеци, бидејќи тоа им помага да преживеат. Друг спомен на птицата може да исчезне за минута. Според научниците, тоа е карактеристично за сите животни, а различен е само човекот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.