Tina Turner | Родителите ја напуштиле, партнерот ја малтретирал, а таа по преживеаниот пекол покажала величина | Фото/Видео

1617

Животната приказна на Tina предизвика биографски филм од 1993 година со наслов What’s Love Got To Do With It, што и донесе на Angela Bassett номинација за Oscar за улогата на музичката ѕвезда.

Пејачката Tina Turner, чии соул класици и поп-хитови како „The Best“ и „What’s Love Got to Do With It“ ја направија глобална музичка суперѕвезда, почина на 83-годишна возраст.

Tina Turner страдаше од голем број здравствени проблеми во последните неколку години, вклучувајќи рак, мозочен удар и откажување на бубрезите, објави BBC во специјален извештај.

Таа се прослави со сопругот Ike во 1960-тите со песни како „Proud Mary“ и „River Deep, Mountain High“. Таа се разведе од Ike во 1978 година, кој ја злоставувал, а потоа постигна уште поголем успех како соло пејач во 1980-тите.

Кралицата на Rock & Roll

Со текот на годините, прогласена за кралица на рокенролот, Tina Turner била позната по нејзините диви и енергични настапи и нејзиниот лут и моќен глас.

Таа има освоено осум Grammy награди и е примена во Rock & Roll Hall of Fame во 2021 година како соло уметник, додека првпат беила примена со поранешниот сопруг Ike во 1991 година.

По нејзиното воведување во 2021 година, Rock & Roll Hall of Fame нагласи дека Turner „ја проширила некогаш ограничената идеја за тоа како црна жена може да ја освои сцената и да биде исклучително моќна личност и повеќедимензионално суштество во исто време“.

Бегство од насилниците и раст на музичката кариера

Родена е во американската сојузна држава Tennessee во фармерско семејство, а најпрво се истакнала како еден од придружните вокали во “The Kings of Rhythm” на нејзиниот сопруг.

Наскоро таа напредувала во бендот, а брачниот пар постигнал комерцијален успех со песните „Fool in Love“ и „It’s Gonna Work Out Fine“, кои завршиле високо на американските музички топ листи.

Една од успешните песни е и песната „Nutbush City Limits“ од 1973 година, во која се пее за нејзиниот роден град. Сепак, физичкото и емоционалното малтретирање на Ike го зема својот данок.

Тој е оној кој го промени нејзиното име, Anna Mae Bullock, во Tina Turner, одлука што ја донел без нејзино знаење и уште еден пример за неговото однесување кон неа.

„Толку пати го користеше мојот нос како боксерска вреќа“

Таа се присети на траумата што ја доживеала за време на нивната врска во нејзините мемоари од 2018 година, “My Love Story”, во кои сексот со покојниот музичар го спореди со еден „вид на силување“.

„Тој го користеше мојот нос како вреќа за удирање толку многу пати што можев да почувствувам како крвта ми тече низ грлото додека пеев“, напишала таа.

Откако избегала од својот насилник, таа продолжила да гради сопствена кариера и стана една од најголемите поп и рок ѕвезди од 80-тите и 90-тите години, со хитовите како што се “Let’s Stay Together”, “Steamy Windows”, “Private Dancer”, со музика за филмот за James Bond “Golden Eye”, „I Don’t Wanna Fight“ и дует со Rod Stewart „IT Takes Two“.

Музичката дива глумеше и во филмот „Mad Max 3: Thunderdome“ од 1985 година, кој лансира уште една нејзина популарна песна “We Don’t Need Another Hero”, а се појави и во рок операта “Tommy” на британскиот бенд The Who.

Здравствени проблеми и лични трагедии

Среќата ја нашла со својот втор сопруг, германскиот музички директор Erwin Bach. Тие почнале да се забавуваат во средината на 80-тите, а се венчале во 2013 година.

Двојката живеела во Швајцарија, а Tina Turner добила швајцарско државјанство. Нејзиниот сопруг ѝ донирал бубрег во 2017 година, откако ѝ било откриено дека боледува од откажување на бубрезите.

Таа ја претрпела трагедијата со губењето на нејзиниот најстар син, Craig, од нејзиниот поранешен колега од бендот Raymond Hill, кој извршил самоубиство во 2018 година.

Друг син, Ronnie, од Ike Turner, починал во 2022 година. Таа имала и два посвоени сина, Ike Jr и Michael, децата на Ike од претходната врска.

„Мојот живот беше прекрасно патување“

Tina Turner и Erwin Bach

Животната приказна на Tina предизвика биографски филм од 1993 година со наслов What’s Love Got To Do With It, што и донесе на Angela Bassett номинација за Oscar за нејзината улога како музичка ѕвезда, како и хит сценски мјузикл наречен Tina: The Musical.

Таа била и тема на документарниот филм на HBO Tina 2021.

Во интервју за јужноафриканското издание на списанието Marie Claire во 2018 година, Turner кажала:

„Луѓето мислат дека мојот живот бил тежок, но мислам дека тоа беше прекрасно патување. Колку повеќе старееш, толку повеќе сфаќаш дека не се случило тоа, туку како се справуваш со тоа“.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.