Научниците открија дека пелените сè уште можат да се рециклираат, односно можат да послужат како вреден композитен материјал во градежната индустрија.
Сечканите пелени може да се користат за замена помеѓу 9 и 40 проценти од песокот што се користи во производството на бетон, без да се намали неговата цврстина. Ова е откритието на научниците од Kitakyushu University in Japan, во обид всушност да решат два еколошки проблеми одеднаш.
Пелените за еднократна употреба се проблем бидејќи се растечки извор на отпад кој не може да се рециклира, а производството на цемент е одговорно за речиси 7 отсто од глобалните емисии на стакленички гасови и троши околу 50 милијарди тони песок секоја година. Бетонот натопен со исечкани пелени е искористен за изградба на мала куќа во Индонезија за да се покаже дека овој вид отпад може да се пренасочи од депониите за да се изгради подостапно домување во заедниците со ниски и средни приходи.
Придонес за рециклирање на проблематичниот отпад
Станува збор за проект на Siswanti Zuraida, градежен инженер од Kitakyushu University, кој го започна споменатиот проект додека предаваше на Bandung Science Technology Institute in Indonesia. Додека населението во богатите земји често е во стагнација или во опаѓање, во Индонезија и други земји со низок и среден приход ќе продолжи да расте, што пак води до повеќе бебиња, повеќе пелени и поголема побарувачка за евтини станови.
Се е до достапноста на ресурсите. Како што расте популацијата, така ќе расте и отпадот од пелени. Потребно е, па мислевме дека ова ќе биде дел од нашиот придонес за рециклирање на тој отпад, вели Zuraida.
Пелените за еднократна употреба обично се направени од дрвна маса, памук и суперапсорбирачки полимери, за кои се покажало дека ги подобруваат механичките својства на бетонот во мали количини. Со финансирање од компанијата за управување со отпад со седиште во Џакарта, Awina, Zuraida утврди колку песок може да се замени со сечкани пелени за да се произведе корисен бетон и малтер.
Експериментирање во мешање со бетон
Првично, научниците набавувале пелени локално. Откако пелените биле измиени, исушени и исечкани, добиениот материјал е измешан со цемент, песок, чакал и вода. Тимот тестирал различни мешавини, заменувајќи до 40 проценти од песокот во бетонот. По еден месец стврднување, примероците биле тестирани под притисок за да се одреди точката на фрактура на композитниот материјал. Од овие мерења, Zuraida и нејзините колеги ја пресметале максималната пропорција на отпад од пелени што може да ги задоволи потребите на градежните делови.
Колку повеќе пелени во бетонот, толку е помала јакоста на притисок. Структурните компоненти како што се столбовите и гредите, затоа барале помал дел од сечкани пелени од архитектонските елементи како што се ѕидовите и бетонските блокови. За прототипот на еднокатната куќа, научниците пресметале дека 27 отсто од песокот може да се замени со отпад од пелени. Но, ако куќата е висока три ката, уделот на замена треба да се намали на 10 проценти.
Во архитектонските компоненти, до 40 проценти од песокот може да се замени со отпад од пелени, со најголем дел во бетонските ѕидни панели. Во подови и градинарски поплочувачи, кои мора да бидат поцврсти од ѕидовите за да ги задоволат градежните стандарди, само 9 проценти од песокот може да се замени со пелени.
Куќичка од пелени, но според стандарди
Научниците го користеле својот бетон натопен со пелени за да ја изградат експерименталната куќа според индонезиските градежни стандарди. Куќата била мала, а нејзиниот план бил само 36 квадратни метри. За да се забрза процесот на градење, тие користеле армиран бетон за архитектонските компоненти и метални греди за конструктивните компоненти.
За изградбата на таа куќа се употребени вкупно 1,7 кубни метри отпад од пелени, што претставува приближно 8 отсто од вкупниот волумен на композитниот материјал.
Независниот експерт Christof Schröfl, хемичар кој истражува одржливи градежни материјали на Technical University of Dresden in Germany, смета дека тоа е вреден процент, но исто така предупредува дека транспортот на отпад од пелени до погони за преработка или градилишта може да генерира прилично долги транспортни патишта и дека тимот на Zuraida, доколку сака да ја зголеми еколошката пријатност на нивната евтина куќа, можел да претпочита да користи дрвени ѕидови, базирани на композитни материјали, наместо бетон.
Zuraida признава дека одвојувањето на пелените од протокот на отпад би било најпредизвикувачкиот дел од преведувањето на нејзината работа во реалниот свет.
Не постои систем за поддршка во управувањето со комуналниот отпад за одвојување на пелени. Пластичните шишиња сега се одвојуваат бидејќи се прилично лесни за рециклирање, но пелените обично поминуваат низ процесот на согорување, рече таа.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.