Крофни со шеќер во прав или пак полнети со омилениот џем, а можеби и со крем од ванила или чоколада … Изборот е ваш!
Потребно
- 750 гр брашно
- 100 мл масло
- 4 лажици шеќер
- 1 јајце
- 1 жолчка
- 500 мл млеко
- 40 гр свеж квасец
- малку сол
- масло за пржење
- 1 ванилин шеќер
- шеќер во прав, за посипување
Подготовка
- Квасецот растопете го во 100 мл млако млеко со малку шеќер и малку брашно во него. Оставете го на топло место да нарасне.
- Во меѓувреме изматете ги јајцата со остатокот од млекото, шеќерот и малку сол. Додадете го стасаниот квасец, па полека додадете ги брашното и маслото со постојано мешање со дрвена лажица.
- Тестото оставете го да стои на топло место додека двојно не нарасне. Потоа развлечете го со дебелина од околу 1 см и со чаша или модла вадете крофни.
- Оставете ги да стојат уште половина час, а потоа пржете ги во врело масло.
- Готовите крофни посипете ги со шеќер во прав во кој сте го измешале ванилиниот шеќер.