На 30 јули 2003 година, тим шпански и француски научници успеале да го вратат времето. Тие успеале да вратат во живот едно изумрено животно, дури и на кратко време.
Животното кое го оживеале е еден вид на дива коза позната како букардо или пиренејска дива коза. Букардо (Capra pyrenaica pyrenaica) било големо, убаво животно, тешко до 100 килограми, со долги, елегантно свиткани рогови.

Илјадници години живеел високо на Пиринеите, планински венци што ја одделуваат Франција од Шпанија, каде се искачувал по стрмните карпи, хранејќи се со лисјата и стеблата на планинските растенија и им одолевал на суровите зими.
И тогаш се појавиле пушките. За неколку векови, ловџиите го убиле скоро целата популација на Букард козите. Истражувањето на теренот од 1989 година спроведено од страна на шпанските научници покажало дека останале само десетина. Десет години подоцна, останала само една букардо – женка по име Селија.

Тимот од Националниот парк Ордеса и Монте Пердидо, предводена од ветеринарот Алберто Фернандес-Аријас, го фатила животното во стапица, му ставиле ѓердан со предавател околу вратот и го пуштиле во дивината. Девет месеци подоцна, од предавателот се слушнал долг, постојан сигнал – знак дека Селија починала. Ја нашле смачкана под паднато дрво. Со нејзината смрт, Букардо стана истребен вид.
Но, клетките на Селија продолжиле да живеат, зачувани во лабораториите во Сарагоса и Мадрид. Во текот на следните неколку години, еден тим на репродуктивни физиолози предводен од Хозе Фолк ги вбризгал (инјектирал) јадрата на тие клетки во козата чијашто оригинална ДНК била отстранета, а потоа таквите јајца ги имплантирал во сурогат мајка.

По 57 имплантации, само седум животни останале бремени. А од тие седум бремености, шест завршиле со спонтан абортус. Само една мајка – хибрид на шпанскиот козорог и коза – ја носела бременоста со клонот на Селија. Фолк и неговите колеги направиле царски рез и донеле на свет клон тежок 2 килограми. Додека во рацете ја држел новородената женка, Фернандез-Аријас забележал дека таа се бори да земе воздух, додека нејзиниот јазик неприродно висел од устата.
И покрај сите напори да ѝ помогнат да дише, клонот на Селија починал по десетина минути. Аутопсијата подоцна открила дека имала еден лобус во белите дробови, огромен израсток со ткиво на црниот дроб. Ништо не можеле да сторат во врска со тоа.
Додо (Raphus cucullatus) и големата њорка (Pinguinus impennis), тилацин (Thylacinus cynocephalus), кинескиот речен делфин (Lipotes vexillifer), гулаб преселник (див гулаб, Ectopistes migratorius) и мексиканскиот клукајдрвец – букардо (Capra pyrenaica pyrenaica), се само едни на долгиот список животни кои луѓето ги истребиле, понекогаш намерно.

А, бидејќи денес се загрозени уште многу видови, Букардо ќе има големо друштво во наредните години. Фернандез-Ариас припаѓа на мала, но страсна група истражувачи кои веруваат дека со клонирањето може овој тренд да го преобрати.
Идејата за враќање на изумрените видови во живот – која некои ја нарекуваат оживување – лебдеше на границата меѓу реалноста и научната фантастика повеќе од дваесет години, уште откако писателот Мајкл Кричтон ги оживеал своите диносауруси во „Паркот Јура“.
За сето тоа време, науката заостанувала многу зад фантазијата. Клонот на Селија е нешто најблиску до вистинското заживување. Од моментот кога бил сведок на неговиот краток живот, Фернандез-Аријас, кој сега е на чело на Министерството за лов и риболов во Арагон, со нетрпение го чека моментот кога науката конечно ќе може да ги врати во живот животните кои некогаш ги истребиле луѓето.
„Тој момент е пред нас“, ми вели тој.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2